Пад на трите индекси на македонската берза

Bez autora
May 25 2010

Трите индекси на македонската берза во текот на денешниот ден забележаа пад на вредноста. Од својата вредност најмногу загуби индексот МБИ10 кој падна за 35,02 индексни поени или за 1,42 проценти во однос од четвртокот. Индексот на Јавно поседувани друштва исто така загуби од својата вредност за 17,27 поени и забележа пад од 0,66 проценти, додека индексот на обврзници падна за 0,17 проценти и при тоа застана на бројката од 108,52 поени. Во текот на денешното тргување на македонската берза, вредноста од класично тргување изнесуваше 12.768.498,00 денари, од кои целиот промет во вредност од 11.532.465,63 денари се реализира на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека остатокот во вредност од 1.236,033,00 денари се реализираше на Редовниот пазар

Пад на трите индекси на македонската берзаТрите индекси на македонската берза во текот на денешниот ден забележаа пад на вредноста.

Од својата вредност најмногу загуби индексот МБИ10 кој падна за 35,02 индексни поени или за 1,42 проценти во однос од четвртокот.

Индексот на Јавно поседувани друштва исто така загуби од својата вредност за 17,27 поени и забележа пад од  0,66 проценти, додека индексот на обврзници падна за 0,17 проценти и при тоа застана на бројката од 108,52 поени.

Во текот на денешното тргување на македонската берза,  вредноста од класично тргување изнесуваше 12.768.498,00 денари,  од кои целиот промет во вредност од 11.532.465,63 денари се реализира на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека остатокот во вредност од 1.236,033,00 денари се реализираше на Редовниот пазар

Прва по својот промет на тргување на Официјалниот пазар беше обврзницата од денационализација на Р. Македонија од деветта емисија со која се истргуваа 106,881 обврзница по просечна цена од 77,60 проценти од номиналната вредност и при тоа остварија 5,100,522,70 денари на промет.

Втора по својот обем на тргување на Официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со промет од 1,904,846,00 денари кој се реализира од 22 трансакции, додека се тргуваше со просечна цена од 4,061,51 денари од акција со што оваа цена претставуваше пад за 2.53 проценти во однос од четвртокот.

Трета хартија од вредност по својата ликвидност на Официјалниот пазар беше и акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, со остварени 1,629,830,00 денари промет од 7 трансакции реализирани со нив, и при тоа со нив се истргуваа 550 обични акции по просечна цена од 2,963,33 денари.

На Редовниот пазар за хартии од вредност најликвидна хартија од вредност беше акцијата на Македонски Телеком АД Скопје со остварен промет од 623,410,00 денари од 10 трансакции кои се тргуваа по цена од 498,73 денари и при тоа со нив се истргуваа 1,250 обични акции.

Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата  Стопанска банка АД Скопје кој остварија промет од 243,100,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 199,59 денари по акција. Со нив се истргуваа 1,218 обични акции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik